Два автомобили паднале во неколку метри длабока дупка во градот Студио Сити, оддалечен на само неколку километри од Лос Анџелес.
Една од жртвите изјавила дека додека се возела со автомобилот, земјата под неа почнала да се ниша, а потоа автомобилот пропаднал во дупка. Воздушните перничиња веднаш се активирале, а во автомобилот започнало да влегува вода. За среќа, успеала да ја отвори вратата и да се искачи на кровот, а потоа пожарникарите и помогнале да излезе. Возачот на другиот автомобил излегол од возилото пред тоа да пропадне во дупката.
Невремето во овој дел од САД во последните денови предизвика голем број на поплави, а тоа најверојатно е главната причина за настанувањето на дупката.
https://youtu.be/PanXO3G8G0U