11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Катица Јанева: Јавноста ќе ја дознае вистината, доста е!

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во изјава за „Дојче Веле“ потврди дека ќе поднесе неколкумина жалби до Советот за утврдување на факти, но и една кривична пријава.

„Веќе се изготвени жалби до Советот за утврдување на факти, за судии кои ја повредуваат кривичната постапка во делот на предистражната и истражната постапка, но и во делот на закажаните рочишта по предмети. Таква претставка ќе има и за судијката Татјана Михајлова, а против неа ќе поведеме и постапка по членот 361 од Кривичниот законик, за фалсификување на службена исправа“, вели Јанева.

Сето ова доаѓа по денешното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски.

„Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад нивните функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка“, додава Јанева.

поврзани објави

Последни објави