13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: „Тврдокорни“ на уникатен начин го најавуваат маршот за Македонија!

„Никој не може да биде слуга на двајца господари, а во Македонија може да има само еден господар и тоа е Македонскиот народ“ – ваква порака испратија МПЗ Тврдокорни кои велат дека ги спремаат нивните членови на побуна за да го зачуваат својот образ, но и да ја исполнат својата должност – да бидат верни на својот род.

Од таму велат дека ова е испит на Македонштината, а нивниот прв испит ќе биде токму во Петок на 24 Февруари кога Тврдокорни ќе одржат мирен марш под мотото „МАРШ ЗА МАКЕДОНИЈА – ЗАВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА“.

Во меѓувреме, членови на македонското патриотско здружение Тврдокорни испратија видео до „Поглед.мк“ во кое ја пејат химната на Република Македонија, подготвувајќи се и правејќи ги завршните подготовки за маршот кој ќе се одржи во Петок.

поврзани објави

Последни објави