15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Заев не се појави, рочиштето за „Поткуп“ одложено

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се појави на рочиштето за случајот „Поткуп“, поради што истото беше одложено за трети април. Лидерот на СДСМ се наоѓа во Сараево, каде треба да ја прими наградата за најдобар градоначалник во југоисточна Европа.

Во обвинението за случајот „Поткуп“, Зоран Заев е осомничен дека како службено лице, градоначалник на Струмица, побарал поткуп од 163.924 евра од бизнисменот Иван Николов, односно по 2 евра од квадратен метар за градежно земјиште во Струмица.

Од одбраната имаа забелешки и за судијата Милошевски, за кого истакнаа дека му истекол шестмесечниот мандат во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави