Италијанскиот стратег Клаудио Раниери повеќе не е тренер на Лестер, а оваа информација беше потврдена од англиските медиуми. Многумина ја осудија оваа одлука, затоа што токму тој беше оној кој го предводеше тимот до историскиот успех, поточно шампионска титула во Премиер лигата.
Лесетер синоќа загуби со 2:1 на гости кај Севилја, а и катастрофалната сезона која ја има, допринесе Раниери да заработи отказ од клубот.
Лестер моментално се наоѓа на само едно место пред зоната за испаѓање, а на навивачите со сигурно нема да им се допадне оваа одлука на стручниот штаб.