6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кобниот Мостар: 13 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Денес во Македонија ќе бидат одбележани 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател, Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље, близу Мостар.

Како и секоја година, и овојпат на Градските гробишта во Бутел ќе биде положено цвеќе на гробот на Трајковски од страна на семејството на претседателот, како и повеќе разни делегации.

На тој кобен 26. февруари, 2013 година покрај претседателот Трајковски, во авионската несреќа загинаа и портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, претставник на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, соцетниците Анита Лозановска и Ристо Блажевски, двајцата телохранители Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

За несреќата и падот на „кингерот“ беа направени две истраги, со различни комисии, каде учество земаа и македонски експерти. Иако со различни содржини, и двете истраги покажаа дека до несреќата дошло поради пилотски грешки, како и други индиректни системски пропусти.

поврзани објави

Последни објави