Скандал во рускиот шампионат во зимскиот нетака познат спорт бенди (сличен на хокеј). Натпреварот помеѓу Водник и Бајкал Енергија привлече големо внимание.
Натпреварот заврши со победа на гостите со резултат 11:9 што никако не е чудно, но дали сте некогаш слушнале да сите 20 погодоци постигнати се автоголови?
Најдобриот „стрелец“ беше Олег Пивоваров кој постигна дури 11 авто-голови.
Бенди е спорт многу сличен на хокеј, се игра на лед на отворен простор, но правилата се слични на фудбал. Се играат две полувремиња од по 45 минути, секој тим има по 10 играчи во поле и голман, се користи стап и пак, дури постои и офсајд.
Овој спорт засега се игра само во Русија, Финска, Норвешка и Шведска.