Прв на листата на зимските желби на Антонио Конте е фантастичниот 20 годишен фудбалер од средниот ред на Атланта Френк Кеси. Челси на Италијанците им понуди 25 милиони евра, но беа одбиени со образложение дека не треба да се вратат со понуда помала од 40 милиони.
Кеси во 16 натпревари има постигнато 6 голови од средината на теренот, при што сигурно би претставувал одлична замена за Оскар кој замина во Кина. И додека Челси ќе мора добро да се потруди за да донесе млади играчи од Брегот на Слоновата Коска, приближно иста сума ќе падне за поранешната звезда на Манчестер Јунајтед.
Според пишувањето на германски Билд, клубот на Роман Абрамович бил сериозно заинтересиран за Хавиер Ернандес. Чичарито е еден од главните играчи на Баер Леверкузен, но Германците наводно би биле среќни доколку го продадат за сума помеѓу 35 и 40 милиони евра.
Иако Диего Коста е во брилијантна форма, Конте не може да смета само на еден напаѓач и сака соодветна замена на клупата. Италијанскиот тренер на клупата го има Мичи Батшуаји, но очигледно довербата во него е мала ако се земе во предвид дека го остави на клупата на претходниот натпревар кој Коста го пропушти поради картон.