Откако претходно беше во Скопје, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која оствари средби со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и со лидерите на политичките партии во Република Македонија, замина во Србија. Таа беше пречена со скандирања од страна на пратениците на српското Собрание кои почнаа да скандираат „Србија – Русија, не ни треба Унија“
https://www.youtube.com/watch?v=8LKQ1F9CL58
На почетокот, Могерини ги поздрави пратениците со „добар ден“ на српски, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија. Обраќањето не го прекина и покрај скандирањето, освен тоа што еднаш се осврна кон пратениците кои скандираа.
Пратениците на Српската радикална партија на Шешељ скандираа и удираа по пратеничките клупи извикувајќи дека не признаваат и не им требаат непријатели на Србија.