В.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова денес попладне поднела оставка, пишува „Утрински весник“.
Во продолжение од веста, весникот пренесува дека се уште не се познати причините за овој потег на Михајлова, но истиот доаѓа по серијата жалби од повеќемина судии до Врховниот суд, по годинешниот распоред кој го изработила токму Татјана.
Пред само неколку денови, Врховниот суд им ги прифати жалбите на седум од осумте судии и ги врати на старите работни места.
Михајлова го наследи Владимир Панчевски на позицијата претседателка на Основниот суд Скопје 1, откако неговиот мандат истече на 4. декември минатата година, но според најновите инфорамции тој повторно ќе се кандидира за таа позиција.