3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Притвор за Сеад Кочан

Кривичниот совет на Основиот Суд Скопје 1, попладнево одредил притвор и издал потерница, односно наредба за приведување на бизнисменот Сеад Кочан, пренесе вечерва Телма.

Како што јавија од телевизијата, Советот денеска одлучил дека сите основи за притвор се исполнети, односно го прифатил образложението на СЈО дека Сеад Кочан ако остане на слобода може да избега, да влијае на сведоци или да уништи докази за случајот Труст.

Токму во случајот Труст бизнисменот Сеад Кочан е осомничен од СЈО како поранешен управител на фирмата Трансмет, во врска со тендер со фалсификувани документи во РЕК Битола.

Не е познато дали Кочан сам ќе се предаде или ќе чека полиција да го приведе.

поврзани објави

Последни објави