Денес на стадионите ширум државата се одигра 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде во дербито на колото Работнички на гостински терен го победи Пелистер со 0:1.
„Зелено-белите“ од Битола беа фаворити во пресрет на оваа средба, но Елмас со неверојатен гол во 60. минута му донесе важни три бодови на Работнички.
Актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на Вардар пред своите гледачи рутински ја совлада Брегалница со 2:0. Головите за победа ги постигнаа Блажевски и Петковски во 88. и 90. минута од натпреварот.
Убедлива победа на домашен терен оствари и Шкендија, која воопшто немаше проблем со Победа славејќи со 4:0. Меџедовиќ, Вујчичќ, Ибраими и Жуниор беа стрелци на головите.
Во Кратово домаќинот Силекс славеше убедлива победа над Македонија Ѓорче Петров со 4:2, додека на Чаир Шкупи со пресврт ја совлада Ренова со 3:2.
ТАБЕЛА: Вардар 50, Шкендија 44, Работнички 36, Пелистер 36, Силекс 31, Ренова 28, Шкупи 21, Победа 19, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.