Општина Центар започна со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територија на општината.
„Првата интервенција е веќе извршена во основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“. Постоечките улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во внатрешноста на дворното место, заменет е скинатиот кабел и четирите светилки во задниот дел од дворот на училиштето, кои не беа во функција, сега се поpравени. На влезот на училиштето поставени се двојно појаки светилки. Дополнително е осветлен и надворешниот паркинг, со многу посилно осветлување од постојното. Службите во општината извршија проверка и замена на светилките на игралиштето во основното училиште.
И во основното училиште “Коле Неделковски“ заменети се 10 појаки светла.
Денеска се врши интервенција во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“. Општина Центар ќе продолжи со санација на комплетното осветлување во сите основни училишта, со цел поголема видливост, а со тоа и безбедност на учениците“, се вели во соопштението на општина Центар.