-1.2 C
Skopje
вторник, декември 2, 2025
spot_img

Виена најдобар град по квалитет на живот

Меѓународната консултанска куќа „Мерсер“ секоја година спроведува студии за квалитетот на животот во светските метрополи, па ова ласкаво признание и оваа година по осми пат по ред го освојува австриската престолнина.

Од 2009-та година Виена го завзема првото место на оваа листа. Испитаниците во Виена пред се го ценат квалитетот на водата, медицинската нега, канализациониот систем, јавниот превоз и училиштата.

Градоначачникот на Виена, Михаел Хојпл изрази задоволство по повод овој успех и најави дека ќе се залагаат и понатаму Виена да биде најдбро место за живеење.

Втор град на оваа листа е Цирих, а трет Минхен.

поврзани објави

Последни објави