Денес, Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, во седиштето на ДС, оствари средба со Амбасадорот на Франција, господинот Кристијан Тимоние.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата, како и за потребата од почитување на Уставот и преземање на одговорност при градењето правци за излез од кризата која предолго трае.
„Павле Трајанов го презентира ставот на ДС дека кризата треба да се разреши преку отворен и аргументиран политички дијалог за сите отворени прашања, дека треба да се направи се за да се спречи дестабилизација на државата и да се престане со „воинствената“ и националистичката реторика.
Амбасадорот Кристијан Тимоние нагласи дека Франција и Европската Унија, цврсто стојат зад унитарниот карактер и суверенитетот на Република Македонија.
Демократскиот сојуз инсистира што е можно побрзо да се формира реформска Влада, а трансферот на власта да се одвива по мирен и демократски пат.
Сите мораме да го почитуваме Уставот и определбата на граѓаните за промени, како битен предуслов за владеење на правото и стабилност на државата“, се вели во соопштението на ДС.