Денес во 13 часот се одржа и ждрепката за четвртфиналните парови, каде по вчерашната драма во осминафиналето се пласираа најдобрите осум тимови од второто по ранг клупско натпреварување во Европа.
Главниот фаворит за титулата Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите со Андерлехт, додека шпанска Селта ќе игра со белгиски Генк.
Во преостанатите две средби силите ќе ги одмерат Лион – Бешикташ и Ајакс – Шалке 04.
Првите натпревари ќе се одиграат на 13-ти април, а реваншите се седум дена покасно, односно на 20-ти април.