Апелациониот суд во Њујорк денеска го започна сослушувањето по прашањето дали се сметаат за личности две домашни шимпанза – Томи и Кико.
Како што станува јасно од материјалите за случајот, кон тоа се стреми американската организација за заштита на животните „Nonhuman Rights Project“. Нејзиниот претседател, Стивен Вајс инсистира дека треба да се признаат на овие човекоподобни мајмуни редица права, како на луѓето.
„Тие не треба да бидат лишени од слобода и треба да бидат пуштени во државата Флорида, во услови блиски до природните“.
Сопствениците на Кико и Томи, кои живеат во Њујорк, од своја страна, тврдат дека нивните миленичиња не можат да преживеат во дивината, без вообичаените за нив грижи од страна на луѓето. Сопственикот на Кико – Кармен Прес забележува дека мајмунот е глув и има потреба од постојана грижа од ветеринар.