3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ мора да се помират со тоа дека режимот заврши

СДСМ преку соопштение реагира на прес-конференцијата на Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја има поддршката на 67 пратеници, односно мнозинската поддршка на околу 700.000 граѓани.

Следен чекор во демократските процеси е конститутивна седница на Парламентот, доделување на мандатот и формирање нова реформска Влада.

Во Програмата на новата реформска Влада се гарантира слобода и професионално работење на медиумите.

Ќе има и независни институции. И правда. Се што Груевски и неговите соработници уништија.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помират со тоа дека режимот заврши. Македонија оди напред“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави