Претседателот на Америка Доналд Трамп не го слушнал прашањето кое му го упатила германската канцеларка Ангела Меркел, за време на официјалното фотографирање во Овалната соба, соопшти Белата куќа. Однесувањето на Трамп е оценето како дипломатски скандал, зошто според снимките ја игнорирал Меркел и одбил да се ракува со неа.
Германскиот весник Билд пишува дека е неверојатно тој да не ја слушне, зашто Меркел седела премногу блиску до Трамп, а за целата сцена не ја ни погледнал својата гостинка.