6.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

Народниот правобранител: Со приведувањето на пратениците е повредено правото на пратенички имунитет

Народниот правобранител недвосмислено констатира дека со приведување на пратениците, осомничени за случувањата од 27. април 2017-та е повредено правото на пратенички имунитет и начелото презумција на невиност, поради непочитување на одредбите од страна на полицијата, информираше народниот правобранител, Иџет Мемети.

Оваа констатација на народниот правобранител доаѓа по доставената претставка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 33 пратеници, во која се истакнува дека при приведувањето има грубо кршење на Уставот и останати правни процедури.

Народниот правобранител се обратил до МВР од каде побарал објаснувања, информации и докази за постапувањето на полицијата при приведување на пратениците.

Од МВР биле дадени сите документи кои биле побарани од народниот правобранител, но не одговориле на ниту едно прашање на Мемети.

Конкретно се работи за прекршување на членот 19. од Правилникот за вршење на полициски работи во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено. Според народниот правобранител, полицискиот службеник кој го извршил приведувањето бил известен за имунитетот кој го поседуваат пратениците, но и покрај тоа тој го извршил апсењето.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави