3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Лош е и вишокот и недостатокот на глукоза во крвта

Секој три години би требало да правиме скрининг на дијабетес. Суфицит ги оптеретува виталните ограни и води до дијабетес, а дефицит ја загрозува работата на мозокот.

Одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта спречува заболувања на крвните садови, срцето, бубрезите, мозокот, нервите и видот. Кога нивото на глукоза е високо или пониско на подолк временски период, подеднакво е лошо за општото здравје.

Вредностите на глукозата во крвта се менуваат во текот на денот и повеќето се после оброкот. Во особен ризик се оние личности кој имаат преддијатебес односно кој ситауцијата на гликемијата настанува од 6,1-6.9 мол/л.

За да се открие дијабетесот правовремено и со тоа да се намалат можностите од развој на компликации потребно е еднаш во три години да се направи скрининг на шеќерна болест.

Оваа препорака важи за лица постари од 45 години, оние кој имаат индекс на телесна маса поголема од 25 кг/м2 и кај личности со наследни фактори.

поврзани објави

Последни објави