7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Не може да си најде работа поради името

Индиец, кој по вокација е бродски инженер, има проблеми во барањето работа и тоа само поради своето име.

Имено, ова 25-годишно момче се вика Садам Хусеин.

Досега тој бил одбиен на 40 работни места, иако бил студент со солиден просек. Кога сфатил дека со своето име никогаш нема да најде пристојна работа, тој решил да се прекрсти во Сајид, но тогаш наишол на нов проблем – бавноста на процедурите и бирократијата.

Луѓето се плашат да ме вработат. Работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба, рече тој за „Хиндустан Тајмс“.

Хусеин извадил дури и нов пасош и возачка дозвола со новото име, но сега пак, не може да докаже дека завршил факултет, оти на дипломата го има неговото старо име.

поврзани објави

Последни објави