3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Нов инцидент во ЈСП: Група ученици претепале 17-годишник

Вчера среде бел ден се одвивала вистинска драма во автобус на ЈСП Скопје, откако група средношколци на возраст од 14 до 18 години нападнале двајца врсници.

Едниот од нападнатите успеал да избега, при што 17-годишник од селото Долно Лисиче добил повеќе удари во пределот на телото, а овој инцидент во полиција го пријавил неговиот 45-годишен татко.

Групата која ги нападнала двете врсници броела околу 20 лица, а инцидентот се случил на автобуската постојка на булеварот „3-та Македонска Бригада“, во близина на средното „Марија Кири Склодовска“.

поврзани објави

Последни објави