23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Колку спиењето со шминка и штети на вашата кожа?

Поразувачки е фактот што секоја трета жена не ја отстранува редовно шминката пред спиење. Во поголем број таквите се млади жени и девојки, но, исто така, голем број на жени на средна старосна возраст.

Иако е општопознато колку спиењето со шминка и штети на нашата кожа, некои жени едноставно настојуваат да ги занемаруваат ваквите факти.

Младите девојки, главно средношколци почесто практикуваат примена на шминка на шминка , која е особено катастрофални за младата кожа. Поголемиот дел од ова се однесува на не отстранување на масакара која наредниот ден повторно се нанесува без претходно отстранување на стариот слој на шминката и така се и во наредните денови.

Особено загрижувачки е што поголемиот број на девојки започнуваат со шминка на возраст од 11-14 години.

Еден неодамна изведен експеримент докажал колку е важно редовното чистење на шминката од лицето, особено пред легнување. Станува збор за видео кое што е создадено се со цел да ги убеди припадничките на понежниот пол дека во никој случај не смеат да си дозволат да си легнат со шминка на себе. Така една жена, доброволно прифатила да учевствува во експеримент во рамките на кој таа цел еден месец не ја чистела шминката од сопственото лице. Крајните резултати биле навистина шокантни па истите се само уште еден доказ за тоа дека константното шминкање всушност предвреме ги остарува жените.

Без отстранување на шминката пред спиење доведува до запушување на порите и лојните жлезди. Кога нема да ја тргнеме шминката пред спиење, таа со нечистотиите акумулира во порите кои се растегуваат и стануваат видливи. Не само тоа, неправилното отстранување на шминката може да доведе до воспаление на кожата и создавање на мозолчиња.

Можеби споменатите промени на кожата нема да бидат видливи веднаш, но сигурно ќе бидат видливи за неколку години.

Затоа сите може да се запрашаме дали вреди побрзо да заспиеме или побрзо да ја тргнеме шминката од нашето лице? Ризикот на брзо стареење на кожата, зголемени пори, длабоки брчки, акни се само дел од последиците кои можат да влијаат на вас и вашата кожа.

поврзани објави

Последни објави