13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

На вечните „експерти“ им се „запенија устите“ за ЕУ, но заборавија на европските обврски во Македонија!

Слушам еден вечен експерт, чест гостин на една телевизија, за кој се чудам како не го гледаме веќе и во фрижидерот таму сместен кај јајцата негде, мудрува ли мудрува по фејсбук за тоа дека немаме проблем и дека всушност истиот постои само во главата на опозицијата.

Човекот очигледно смета дека е многу добро „информиран“, па истиот во неговите пишувања и јавно изнесени ставови се однесува како да живее во некоја друга земја, а не во Македонија.

Од уста не го вади Мицкоски, да има како и би го наградил со орден за најголем предавник на таканаречните европски вредности во нашата земја.

Демек, ние сите сме ЕУ, сакаме во ЕУ, ама само еве поради еден човек не можеме да тргнеме кон тој пат. Но, што е со ова што и се случува на државата? Погледнал ли човекот наоколу што се случува во здравството, што се случува во образованието, градежништвото итн итн…?

Собранието работи спротивно на законите, уставниот суд работи спротивно на законите, обвинителите не си ја вршат работата, во образованието нема книги за децата, оправданието е – „па министерот не ги печати книгите”. Страв во коските имаат луѓето да отидат да се лечат бидејќи не знаат како што вели докоторот Даниловски, „покрај суровото гори и суровото“. Студентите се уште седат во мувла, со искршени прозориц, со глувци по ходниците, со печурки кои буквално никнат секој ден во собите. Да не зборуваме дека се ветуваше и студентски град, кој остана само на она „ќе направиме, ќе изградиме“ на збор. Уште има илјадници млади луѓе, но и цели семејства кои упорно бараат начин да се иселат, за да работат негде каде што ќе бидат почитувани и вреднувани за нивниот труд.

И сега на сето ова, ние ќе велиме: Ама ние сме за ЕУ, а вие сте против. Не почитуван експерту. Сите Вие сте против ЕУ. Кога кревате глас, не кревате за се, туку само за она што ви одговара и што нема да го наштети и да удри по вашиот личен интерес. Интересите на државата и граѓаните не се заштитени.

Претседател на политичка партија си прави состаноци со странски политичари во државна институција во која ниту е вработен, ниту пак има било какво својство. Се одвиваат партиски состаноци во канцеларија на државна институција. Што понатаму да зборуваме? Каде тоа го има во ЕУ, почитуван експерту?

Лесно е да се ви „се запенат устите“ за ЕУ, мислејќи дека на тој начин, дека ќе успеете да бидете поголеми европјани од нас. Треба да знаете дека ЕУ се сака и негува преку вршење на домашните европски обврски овде во Македонија, а не преку верглање на едно те исто колку некој Вам да ве оддалечи од ЕУ!

Преземено од Фејсбук!

поврзани објави

Последни објави