1.8 C
Skopje
среда, декември 10, 2025
spot_img

Зошто Антиќ му подари патики со српски симболи на Вучиќ во сред Македонија? Вака ли ќе си ја сакаме државата?

spot_img

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кој секогаш со воодушевување е пречекан во Македонија од страна на македонските граѓани, доби подарок од кошаркарот Перо Антиќ со симболи од српското лого.

„Со легендата на српската и македонската кошарка, Перо Антиќ. Перо ми подари патики ‘Србија 1’. Патем, двајцата сме горди на српските кошаркари и чекаме злато од ЛОИ во Париз“, напиша Вучиќ во контекст на вчерашното финале од Светското првенство во кошарка на Филипините, каде што Србија освои сребрен медал по поразот од Германија.

Сепак, прашање е зошто како домаќин Перо Антиќ во Македонија не му подари подарок со македонски симболи на српскиот претседател?

поврзани објави

Последни објави