13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ШТО СЕ НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ: Полиција пронајде дрога во возило на Брзата помош при запирање кај Нови Пазар во Србија

Полицијата од Нови Пазар, Србија, го запреле возилото за брза помош и пронашле неколку килограми опојна дрога марихуана.

Според информациите во српските медиуми, амбулантното возило со регистерски ознаки од Рашка било запрено на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово.

Во него, според првите неофицијални информации, биле пронајдени околу 3 килограми опојна дрога марихуана.

Возачот на Брзата помош е пренесен во просториите на СВР Нови Пазар, објави српски Телеграф.

поврзани објави

Последни објави