28.8 C
Skopje
Tuesday, July 15, 2025

ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски бараат да влезе и амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија соопшт дека „уште пред две години побарала измени во Кривичниот законик, со цел намалување на и онака пренатрупаните затворски капацитети“.

„Тогаш излеговме со став дека е време законски да се смени досегашната практика на изрекување затворски казни без притоа да се даде шанса или некаква опција таа казна да се замени или откупи. Согласно на тоа предложивме откупување на казната по тарифа одредена од страна на државата и тоа да важи за изречени „пблаги“ казни.
Со оваа мерка првенствено ќе се полни буџетот на државата, а воедно и ќе се намали пренатрупаноста и бројот на затвореници кои во денешно време ги има и над дозволениот односно над бројката на расположливи кревети по затворските установи“ нагласуваат од ВМРО-НП.

Од партијата на Љубчо Георгиевски додаваат и дека „Бидејќи овогодинешните измени на кривичниот законик не вклучуваат и амнестија за учесниците во настаните од „27 април“, ВМРО-Народна партија предлага експлицитно во законот да влезе и амнестија на осудените. Со таквиот чин Северна Македонија ќе покаже решителност и зрелост за затворање на тој случај и конечно отворање на процес кон внатрешно помирување“, потенцираат од оваа партија

поврзани објави

     

Последни објави