30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Јоци го нарече Груевски шушумига фатена под маса со СДСМ: Ти си јавно минато!

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да го пуштат низ вода криминалецот Никола Груевски преку угледниот и влијателен конзервативен германски весник ,,Франкфурте алгемајне цајтунг”, а на шушумигава во Будимпешта не и` се верува дека партијата расчистува со него и Мијалков и т.н ,,мериоти” на отворена сцена и преку статус го прашува – дали стварно дал таква изјава⁉️⁉️

Секако, да. Уште не е освестен дека сега е јавно минато и дека вака всушност му ја осуетуваат играта со СДСМ и ДУИ околу уставни измени и му ги пресретнуваат намерите за да не може да мрдне и да направи штета.

Шушумигава која се фаќа под маса со СДСМ и ДУИ уште од Пржино и која 6 години не дала интервју, пошто нема повеќе што да соопшти за иднината на земјава освен да игра удбашки игри, да не мисли случајно е избран ,,Франкфурте алгемајне цајтунг” за да му се каже ЗБОГУМ?

Да не мисли во таков угледен весник кој го читаат милиони даваат интервјуа мачичи и кучичи и баба перси?

Нема да ме чуди набрзо ,,печурките” на Бихаќка да распостелат интервју со криминалецот Груевски на 30 портала и да го величаат. Само на СДСМ и ДУИ им одговара активен Груевски во моментов, со сите негови порталчиња, данчиња, николчиња, филипчиња, а со тоа хаос и свињарии за да останат на власт.

поврзани објави

Последни објави