Никола Груевски не е така наивен да мисли некој го игра и да не сака да учествува во тоа. Сакам да посочам дека еве и Груевски да се врати, кој мислите дека ќе го погледне на улица Македонија? Љубчо Георгиевски што е реално икона на ВМРО-ДПМНЕ самиот признава дека откако не е лидер не се познавал со екипата на Груевски. Никола со тој багаж, што направи, што однесе, зошто си избега, зошто не остана храбро да се бори против македонското судство кое го руинираше, нема да успее да направи ништо., вели Алекаандар Чомовски во дебата на Само Вистина на Канал 5 телевизија.
Сите што му служеа во име и за сметка негова и за партијата се пред и по затвори, за да може тој да избега. Таа ура ќе го следи него до крајот на животот. Според тоа, тој и да се врати и да се укотви тука, нема никаква сила. Со тој багаж што го носи, кај и да оди, пак нема да биде тој истиот човек. Всушност, прашање е дали тој има некаква човечка димензија во него, ако гледаме како завршија неговите соработници, за да може тој да избега во Унгарија, рече Чомовски на Само Вистина.
Чомовски вели дека сите барале од Мицкоски да се дистанцира од Груевски, а сега кога се дистанцира од него, на сите не им чини, а најмногу го зачудува што СДСМ се тие кои во случајов застанале условно кажано позади Груевски.