13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во понеделник ќе се одлучува дали ќе се дозволи отстрел на мечки

Откако од општината Маврово-Ростуше, побараа да се прогласи кризна состојба на нивна територија поради проблемот со мечките на кој подолг период укажуваат, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, за понеделник свика состанок на група за процена, на која ќе се одлучи како да се реши проблемот.

– Отстрелувањето на мечките е најнеблагодарната и најнеблагородната метода, кон која не се стремиме, но животот и безбедноста на граѓаните е најважна. Затоа ќе ја разгледаме опасноста, а самите селани укажуваат на агресивност на некои од единките мечки – рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Оваа мерка е овозможена во два закони, во Законот за ловство се предвидува дека МЗШВ може да дозволи лов на трајно заштитен дивеч, ако прави штета, а сличен член има и во Законот за заштита на природата.

Ангелов вели дека бројот на мечките во Националниот парк „Маврово“ се движи околу 160-180, а според надлежните институции треба да биде околу 70.

поврзани објави

Последни објави