ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти Собранието ако Законот за амнестија биде предложен со европско знаменце најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на втората Годишна конференција на Унија на ветерани, што се одржува во Струмица.
Ламбе Арнаудов од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ изрази апсолутна сплотеност во партиските структури и поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот, Христијан Мицкоски во борбата за зачувување на националните обележја на македонскиот идентитет.