13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Мисајловски во Пентагон: Состаноци со високи претставници и разговори за предизвиците во областа на одбраната и надворешната политика

Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во посета на САД, каде што учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.

Денеска тој присуствувал во Пентагон, каде што остварил повеќе состаноци со високи претставници од различни области.

-Разговаравме за предизвиците во областа на одбраната и надворешната политика, но исто така имавме можност да поставуваме прашања и истовремено да ги истакнеме нашите ставови по одредени теми. Продолжуваме со одличната агенда и во следниот период каде што ќе имаме многу состаноци од Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада, пишува Мисајловски на Фејсбук.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави