-0.2 C
Skopje
Thursday, January 16, 2025

Мицкоски: Стево Пендаровски се однесува како аналитичар кој раскажува маалски муабети

Човекот се однесува како аналитичар, се труди од петни жили да го кандидираат повторно, но сега се колеба и тој, бидејќи гледа дека и да биде кандидат, знае дека ќе доживее дебакл и ќе изгуби. Сега ги облака чизмите на аналитичар и се однесува само така, а не како претседател на државата, вели претседателот Мицкоски во емисијата на „Лидер“ за првиот човек на државата Стево Пендаровски.

Тој го нарече Стево Пендаровски човек кој раскажува маалски муабети.

– Наместо да се занимаваат со сериозни работи, власта се занимава со рекла казала муабети. Кампањата дека Заев стои позади мене ја градеа се до моментот кога не се појави фотографијата на која се сите заедно, видно расположени на истата фотографија, па така се урна целата естрада што ја правеа. Естрадни новинари кои анализираат политика кажуваа дека тоа е скандал, тоа беше еден циркуз кој на крајот самите си го демантираа.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека во Македонија постои опозиција на опозицијата, нагласувајќи дека е фингирана опозиција која работи за власта.

поврзани објави

Последни објави