35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Генчов: Младите македонци си одат од оваа земја, македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред!

Политичкиот аналитичар Александар Генчов во интервју на „Само вистина“ на Канал 5 зборуваше за егзодусот и демографската катастрофа која му се случува на македонецот, а за која речиси никој не говори во земјава.

– Излегуваат податоци кои излегуваат каде што се гледа дека демографски се случува катастрофа во поглед на македонецот. Би сакал да ги прашам интелектуалците, кога ги анализираат овие компоненти, зошто ги занемаруваат овие податоци, ниту еден од нив, за мене од непознати причини, не ја внесува етничката компонента.

Ако може да се зборува од етнички аспект за ова, зошто не кажат дека е драстичен падот, на пример во Делчево падот на млади од 15 до 19 години 2002 биле 4100 луѓе, а 1992 млади луѓе во 2021 година. Истото е во Кратово, но и во многу други градови. Не може да се крие ова, ние мораме да се соочиме со ова. Не кажуваат дека паѓа демократијата, но еве во Студеничани не паѓа, на пример во Сарај од 9.981 во 2001 година, 8900 луѓе има. Значи таму не паѓа, а кај македонците е на пола. Со овие прашања и бројки треба да се бави секој политичар. Младите македонци си одат од земјава, апсолутно се случува ова и мора да се разговара на оваа тема.

Според Генчов, македонците се чувствуваат како граѓани од втор ред.

поврзани објави

Последни објави