30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Фрапантни податоци: Во Делчево дупло намален бројот на млади луѓе, каде е младиот македонец во европската приказна?

И додека во Македонија на големо се зборува за Европа и европски вредности, податоците кои масовно се споделуваат на социјалните мрежи говорат дека во Македонија речиси да нема град во кој младите македонци буквално се преполовени во однос на бројот односно статистичките податоци од пред 20 години.

Имено, само во Делчево во кој што речиси сите се македонци, е преполовен бројот од пред дваесет години односно од над 4000 млади луѓе од 15 – 29 години, сега нема ниту 2000 млади луѓе. Ако се земе предвид фактот дека и голем број од тие 2000 луѓе се заминати надвор од Делчево односно живеат надвор од својот роден град, на пример во Скопје или Софија, сигурно дека и тие бројки не се релевантни односно не ја прикажуваат реалната состојба.

Се поставува прашањето, кој и дали воопшто ги анализира овие податоци, дали воопшто некој е свесен кон што води овој процес на иселување и дали има некој кој што воопшто има било каков реален план за задржување на младите луѓе овде во Македонија?

поврзани објави

Последни објави