13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Застаре делото за „Таргет-Тврдина“: Мијалков нема да одговара за незаконско прислушување

Овие снимки од судењето на „Таргет Тврдина“ се последни со екс шефот на тајната полиција Мијалков на нив. Нему и на уште петмина обивнети од МВР и УВК денеска им беше последниот ден во судница.

Судијата ја запре постапката, откако обвинителката Ленче Ристовска, анализирајки го предметот и влијанието на измените на КЗ, објсни дека обвинетите за прислушувањето кои одговараат за злосторничко здружување и за злоупотреба на службената положба од ставот 2 предложи да се примени поблагиот закон.

„Како и во другите два претходни случаи на прислушување и во овој, за жал нема да имаме кривично правна разрешница и повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата. Имаме комплетна застареност, што е директна последица на измените на Кривичниот законик“, рече Ленче Ристовска, обвинителка во ОЈО Скопје.

Сите трошоци поврзани со делот од предметот, поврзан со прислушувањето што застаре, паѓаат на товар на државата. Тука спаѓаат адвокатските трошоци, вештачења и сите други трошоци за овие шест години, колку што е трае судењето. Дали Мијалков ќе бара оштета за повеќемесечниот притвор, неговиот адвокат рече дополнително ќе се консултира со него. Според обвинителката Ристовска и оштетата за 100-ците незаконски прислушувани граѓани ќе треба да ја плаќа државата.

„Финансиските импликации што ќе ги предизвика овој предмет врз Буџетот на државата, според обвинителката, не се воопшто занемарливи. Ги вклучуваат и оние трошоци во постапка, ги вклучуваат и како што и веќе еднаш кажав, сите надоместоци што треба да им бидат обезбедени на лицата кои биле незаконски прислушувани за повреда на правата. Впрочем, нивните права биле повредени со незаконското прислушување и сега државата по принципот на објективна одговорност е таа која што треба да ги обесштети овие лица, односно товарот да падне на буџетот на државата и нема да има како државата потоа да биде обесштетена од лицата коишто навистина се одговорни директно за прекршување на правата на граѓаните“, вели Ристовска.

Судењето продолжува за делот од обвинението поврзан со незаконското уништување на опремата за присушување кое почнало по објавувањето на бомбите во 2015 година. Во судница остануваат екс министекрата Јанкуловска, екс началникот во УБК, Тони Јакимовски и Валентина Симоновска а во отсуство им се суди и на двајцата избегани разузнавачи Никола Бошковски и Горан Грујевски кому му застареа делата во „Таргет“, аму останаа во „Тврдина“. Обвнителката рече дека во завршен збор ќе се произнесе за квалификацијата на делата за обвинетите од ставот 5 од делото злоупотреба на службената положба, со образложение дека описот на делата што ги сториле може да се најде и во новите изменети одредби и за нив сè уште нема застарување.

Одбраната има поинакво правно гледање. Смета дека ставот 5 е декриминализиран, но дури и да продолжи судењето по ставот 1, делото е веќе застарено. Според адвокатот Шврговски, недозволиво е да се чека обвинителот во завршен збор да се произнесе за кривичните дела.

поврзани објави

Последни објави