30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Каква зима е пред нас и кога да го очекуваме првиот снег?

Каква зима е пред нас и кога да го очекуваме првиот снег?

Каква зима ја очекува Европа?

Европските метеролошки сервиси прогнозираат снежна зима во најстариот континент. Благодарение на променливите модели во Тихиот Океан, оваа година е година на Ел Нињо – и тоа може да биде добра вест за европските ентузијасти за снег.

Иако не може целосно да се негира трендот на затоплување на глобално ниво поради климатските промени, Ел Нињо често води кон постудена и поснежна зима за многу делови на континентот.

Топла есен, врнежлива и топла зима во Македонија

Пред нас е топла и врнежлива зима.

Топло време до крајот на овој месец и половината на ноември, прогнозираат метеоролозите за Македонија. До крајот на октомври ќе се задржи топло и стабилно време, а таква ќе биде и првата половина на ноември.

Втората половина од ноември ќе донесе утрински температури кои ќе бидат благо под нулата. Врнежи и дожд на ниските и снег на повисоките места. Дневната температура ќе се искачува до десеттиот степен.

Во текот на целиот декември времето ќе биде влажно, нестабилно и проследено со врнежи од дожд. Во првата половина од месецот ќе се задржат позитивни температури, над нулата, а втората половина ќе донесе минусни утрински температури и можност за снег.

Новогодишната ноќ ќе биде врнежлива што ќе биде најава и за нестабилен и врнежлив јануари.

поврзани објави

Последни објави