23.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

Анкета ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ е со голема предност пред СДСМ, а Христијан Мицкоски е со тројно повисок рејтинг од Димитар Ковачевски.

На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“, за ВМРО-ДПМНЕ гласот би го дале 20,3% од граѓаните, додека за СДСМ само 11,3%.

поврзани објави

     

Последни објави