23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ПЛАЧ И НЕВЕРУВАЊЕ: ПРИЈАТЕЛИ И КОЛЕГИ СО СТРАШНИ ЗБОРОВИ СЕ ЗБОГУВААТ СО АКТЕРОТ: Многу ѕвезди проговорија – Очајни поради смртта на Метју Пери

По веста за трагичната смрт на актерот Метју Пери, неговите колеги и пријатели ја изразуваат својата тага поради загубата.

Поранешните колеги и пријатели на починатиот актер Метју Пери изразија тага и очај поради неговата прерана смрт. Метју, најпознат по улогата на Чендлер, почина рано утринава во својот дом во Лос Анџелес, според неофицијални извештаи за сомнителен срцев удар додека бил во џакузи.

Познатиот 55-годишен актер бил пронајден мртов поради давење, а портпаролот на противпожарната служба изјавил дека биле повикани на помош на адресата на актерот, поради „итен случај на вода“, пренесува Гардијан.

Меги Вилер, која ја играше девојката на Чендлер, Џенис на „Пријатели“, зборуваше за трагедијата и рече дека „радоста што ја донесе Чендлер на толку многу во неговиот прекраток живот ќе трае“: „Се чувствувам благословена за секој креативен момент што го споделивме“, сподели таа на Инстаграм.

Нора Ферчајлд, која ја играше мајката на Чендлер, Нора Бинг, рече: „Срцето ми е скршено од прераната смрт на мојот „син“… загубата на толку талентиран млад актер е шок!

Се огласи дури и канадскиот премиер Џастин Трудо, кој го познаваше Пери уште од мал, додека неговата мајка работеше за таткото на Џастин. „Никогаш нема да заборавам кога игравме во училишниот двор и знам дека луѓето ширум светот никогаш нема да ја заборават радоста што им ја донесе. Фала за смеата Метју, ти беше сакан и – ќе ти недостигаш!“ Трудо напиша на платформата X.

Актерката Селма Блер на Инстаграм изјави дека Пери е нејзиното „најдолго пријателство со маж“. “Сите го сакавме, а јас посебно. Го сакав безусловно, како што тој мене ме сакаше мене. Скршена сум, срцето ми е скршено. Слатки соништа Мети, слатки соништа”, напишала Селма.

Актерката Мира Сорвино, која глумеше со него во филмот „Паралелни животи“ од 1994 година, изрази неверување и шок на мрежата „Икс“: „О, не!! Метју Пери!! Ти прекрасна, измачена душа! Се надевам дека ќе најдеш мир и среќа на небото , и дека со еден скок ќе ги насмеете сите“, оставајќи емотикон со скршено срце.

Засега неговите колеги и пријатели од истоимената серија јавно не ја објавија оваа тажна пригода.

поврзани објави

Последни објави