25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Мицкоски најави нова афера на онкологија од годинава, наводите ги добиле од свиркач

„И покрај скандалот со терапиите за пациентите на онкологија тие потворно продолжуваат со злоупотреби, кои имаат нечовечки размери“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој денеска рече дека проверуваат тврдења од свиркачи што ги добиле пред неколку дена во однос на злоупотреби на Клиниката за онкологија кои се однесуваат на оваа година.

А токму на Анкетната комисија во Собрание актуелната директорка на Клиниката за онкологија доктор Виолета Клисаровска за скандалот на Онкологија, рече дека најсериозниот проблем на Клиниката е што сите ресурси во болницата се ограничени, а бројот на пациенти со рак е неограничен и само расте. Таа објаснуваше како се креира реалната потреба на лекови, дека тоа се прави заеднички со сите 12 оддели за различни видови карцином на клиниката, како и дека за секој пациент што добива биолошка терапија се реферира на стручен конзилиум.

Но, пратеничката Рашела Мизрахи ѝ укажа дека работите на стручниот конзилиум излегуваат од контрола. Мизрахи ја праша Клисаровска дали Клиниката за онкологија задоволува реална потреба на пациентите или реална потреба на веледрогериите.

Одлуката за формирање анкетна комисија беше донесена на 20 септември откога Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија.

поврзани објави

     

Последни објави