30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Дедо ѝ пукал во нејзиниот татко: Александра Пријовиќ доживеала траума

Пејачката, Александра Пријовиќ во последните месеци доживеа професионален успех за каков што не ни сонувала. Таа ги надмина и најголемите музички ѕвезди, но вели дека единствено ја боли тоа што покрај неа не е нејзиниот дедо Бора, а токму тој ѝ недостига за да ѝ биде срцето полно.

Мајката на Александра, Борка многу работела за да успее да ја прехрани, па затоа таа највеќе време поминувала со својот дедо, во чија куќа всушност и живееле. За жал, дедото на Александра е починат веќе четири години, а како што тврди пејачката во последните неколку години од својот живот тој имал деменција.

Бора своервремено за Свет раскажа дека се обидел да го убие таткото на Александра бидејќи тој сакал да го ограби.

viber slika
„Јас ја пораснав. Нејзиниот татко никогаш во животот не ѝ купил ништо. Нејзината мајка Борка се разведе од него бидејќи е светски крадец. Тој краде и ограбува сè. Еднаш пукав во него затоа што сакаше да ми украде пари од куќата. Го избркав од дома со пиштол. И сега ги остави без ништо. Еднаш со секира го повредив и на ногата и на раката. По улицата се пролеа крв. Тој искрвари до болница. Тогаш убив двајца. Поминав четиринаесет години во затвор“, изјави дедо Бора неколку години пред смртта.

Александра уште тогаш рече дека дедото не знаел што зборува затоа што е дементен, па таа не го сфатила тоа како нешто лошо.

„Дедо ми кажува неповрзани работи, денес кажува нешто, утре не знае што рекол. Човекот има над 70 години. Иако му била ампутирана ногата, сепак пие, имал мозочен удар. Дедо ми е Ром, баба ми не. Филип и Брена го знаат тоа и не им пречи. Горда сум на моето потекло. И дедо мрмори дека убил некого. Тато беше повреден кога рече дека ме оставил кога бев бебе, но вистината е дека тие се разведоа кога имав три години. Но, редовно се гледам со татко ми. Вистина е само дека не завршив средно училиште, но планирам да го завршам вонредно“, призна тогаш пејачката.

поврзани објави

Последни објави