21.8 C
Skopje
Saturday, July 13, 2024

Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица – очекува ДУИ да замине во опозиција

Мицоски е убеден дека на овие избори ќе се стави крај на владееето на ДУИ.

-Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција. Треба да ѝ се даде шанса на ДУИ да помине одреден период во опозиција да се реструктуира, да освежи со нови идеи.

Гледате како збунуваат со пораките – од зелена агенда пред една година почнаа со споменици, обедината Албанија. Водат политика денес за утре, а од друга страна, додека одат од еден на друг споменик се возат во „ролс ројс“ и „мајбах“ и купуваат мултимилионски имоти, вели тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе биде носител на листата во првата изборна единица.

-Јас роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош која е дел од изборна единица 1 и логично е тоа да биде единицата во која што ќе ја предводам листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој останува на ставот на дека партијата нема да ги поддржи уставните измени под сегашните услови.

Очигледно е дека сега процесот е заглавен.Барате од нас да не ја игнорираме реалноста но сакаме да видиме дека и вие не ја игнорирате реалноста.Двојните стандарди кон Македонија изминативе 23 години можеби биле аплицирани најмногу-билатерални договори во преговарачка рамка,промена на уставно име на насилен начин, промена на знаме, промена на Устав поради територијална поделба, што ниту една земја што сега се членки на ЕУ не го направиле.Ако зборуваме за принципи и европски вредности јас сум подготвен да разговарам. Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја затвори вратата тука сме, подготвени сме да разговараме но тоа да се темели на европски принципи и вредности, порача тој.

поврзани објави

Последни објави