13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Зекири со солзи рече дека не е виновен и побара слобода, а потсети ѝ дека му почина братот

Обвинителката рече дека обвинетиот го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата.

Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири по неколку месеци поминати во притвор во Истражниот затвор во Шутка во Скопје поради здравствени причини беше пуштен во куќен притвор. Обвинет е за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинението тој без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

поврзани објави

Последни објави