23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Самодовербата на Мицкоски во убедлива победа е причина плус да се откаже од техничка влада

Техничките влади во последните два изборни циклуси постоеја за обезбедување на повисоки изборни гаранции кои ги бараше тогашната СДСМ која беше во опозиција, но не покажаа никаков квалитет, коментираат дел од експерите откако лидерот на ВМРО ДПМНЕ побара укинување на техничка влада.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во изјавата на Мицкоски гледа сигурна победа на претстојните избори, па според него, за најголемата опозициска партија е сеедно дали техничка влада ќе постои или ќе ја нема.

Опозицијата се откажува од два битни ресора во Владата, Министерство за внатрешни работи, труд и социјална политика како и врзан потпис уште во неколку министерства, во интерес да не се кандидира премиер од редовите на ДУИ бидејќи согласно колалицискиот договор Заев – Ахмети, на ред е во премирската фотелја на техничката влада да седне некој од интегративците. Но досегашното искуство покажа нефункционелност на техничките влади, коментира Божиновски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека партијата на Ахмети е во центарот на сите скандали и е неприфатливо да номинираат технички премиер. Премиерот Ковачевски, пак рече дека СДСМ држи до коалициските договори и секој професионалец може да води влада.

Во меѓувреме, високи функционери на ДУИ повторуваат дека во последните 100 дена од мандатот премиер ќе биде Албанец. Артан Груби е уверен дека неговиот шеф нема да згреши во изборот.

Досега, двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по еднаш номинираа технички премиер, Емил Димитриевски и Оливер Спасовски.

поврзани објави

Последни објави