По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице.
Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.
Уште од пред девет месеци родителите на Јовановски реагираа и алармираа за овој проблем.
Претходно, бизнисменот Бојан Јовановски беше е уапсен на граничниот премин „Богородица“, како дел од истрагата во обвинителството за организиран криминал и корупција.
Контроверзниот шоумен и бизнисмен вината ја имаше насочено кон Зоран и Вице Заеви. На едно од судењата во неговиот процес во јуни 2020 година тој категорично го истакна ова.
Ова е политичка одлука. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, рече Боки 13, по што судијката нареди да се изнесе од судницата, но кога полицајците го фатија за раце, Јовановски почна да зборува за притворот, па судијката го остави да се доискаже.