Снегот направи проблеми во поќе населени места во Македонија. Центарот за управување со кризи апелира граѓаните што се на Беровското Езеро да не патуваат бидејќи на одреден патен правец има паднати дрвја.
Општина Кавадарци објави дека успешнос е расчистени сите патишта низ градот но, и врските со околните села.
Вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро – да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да конактираат на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно.
Регионалните центри за управување со кризи Берово и Штип во координативна оперативна комуникација преку Секторот за операции и координација известија дека патот Берово-Струмица е во целосен прекин поради врнежите од снег и паднати дрва по патот.
Конкретно, патниот правец Берово-Абланица-Беровско Езеро е во прекин поради паднати дрвја на патот. ДЗС и Полицијата имале координативен состанок во Берово и било одлучено сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да контактираат на 112 и да ги кажат нивните потреби, по што Општина Берово ќе интервенира: преку нивни луѓе да им достават што им е потребно.
Инаку, најмногу снег падна во Маврови Анови, каде утринава во 7 часот се измерени 48 сантиметри, 39см Крушево, 21см Попова Шапка, 13см Ѓуриште, 4см Берово, 3см Крива Паланка.