13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Од полноќ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА – ова се информациите!

Од полноќ ќе важат новите цени на нафтените деривати.

Согласно одлуката која што ја објави Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензините остануваат непроменети, а дизелот поевтинува за еден денар. За половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство.

Ова се цените на горивата од полноќ:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 73,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,920 (денари/килограм)

поврзани објави

Последни објави