7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

На овој ДАТУМ ќе има затворање на македонскиот воздушен простор ако не се исполнат барањата на вработените во М-НАВ

Првиот синдикалец на М-НАВ, Александар Тасевски информира дека дека доцна синоќа бил одржан вонреден состанок на членството на Струковиот Синдикат на контролорите на летање – ССКЛ, каде најостро го осудиле нападот врз нивниот колега и го потврдиле ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив.

Донеле одлука да побараат од МВР веднаш да отпочне постапка за пронаоѓање на учесниците во целиот настан, како на лицата кои не се вработени во контрола на летање, а биле присутни во безбедносниот периметар на објектот и самиот објект на контрола на летање.

Исто така побарано е од МВР со распоредување на службени лица да ја обезбеди зградата на М-НАВ, како и вработените, посебно што станува збор за стратешки државен објект, но и поради фактот дека контролорите на летање нема да продолжат да работат под оправдан страв дека во секој момент некој од надвор би можел да влезе и да ги загрози нивните животи, а со самото тоа и животите на патниците во авионите кои ги опслужуваат.

-Ги повикуваме тројцата извршни директори во М-НАВ А.Д. Скопје, веднаш да дадат оставки од нивните функции, пред се од морални причини, поради ескалација на состојбата до која се дојде во контролата на летање по нивна вина. Истите тие, покажаа дека не само што не се способни успешно да раководат со македонската навигација, туку и дека не се способни да ги заштитат своите вработени и самиот објект од упад на неовластени лица, стои во барањата што ги објави Тасевски.

Во спротивно, порачува првиот синдкалец на М-НАВ, ССКЛ најавува штрајк со затворање на воздушниот простор, започнувајќи од 10.01.2024 се до исполнување на сите нивни барања.

-Доколку бидеме принудени на реализација на штрајкот на 10.01.2024 година, ги замолуваме сите наши сограѓани да имаат разбирање за нашите постапки и покрај проблемите со кои ќе се соочат при нивните патувања со авион од причина што нашите постапки се насочени во насока да на секој еден патник можеме да пружиме и да гарантираме безбеден лет, додава Тасевски.

Владата веќе најави разрешување на целото раководство на М-НАВ. Како што соопштуваат од владината прес-служба, на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки: Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени, Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Тасевски со повик до Трудовиот инспекторат и Антикорупциска да ги чешлаат последните огласи за вработување во институцијата, за кои тврди дека се спорни по низа основи. Синдикалниот лидер го повика и Обвинителството, да истражи како биле потрошени 280.000 евра пари со кои требало да се изгради нова зграда.

Според директорот на М-НАВ, Хамиди, безбедноста на воздухопловниот сообраќај во ниту еден случај не е загрозена.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -