16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Деари останува директор на М-НАВ, Илир Мемеди и Милан Кораќ предложени за нови директори!

Претходно објавивме дека Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги отповика од должноста членови на Управниот одбор и директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

Владата ги предлага Илир Мемеди и Милан Кораќ за нови директори на М-НАВ во пакет со препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

На денешната седница, на која како точка на дневен ред се најде состојбата во М-НАВ, не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари.

Неофицијално, објаснувањето е дека Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ.

Претходно објавивме дека Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор и директори да ги отповика Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

поврзани објави

Последни објави